ФИФА жестоко го казни Шкупи - без засилувања ќе биде до јули 2026!
Причина за тоа е суспензијата за трансфери во три преодни рока што чаирчани ја добија од ФИФА пред неколку дена, а која е објавена и на интернет страницата на Светската фудбалска асоцијација. Суспензијата се однесува на преодните рокови во јануари и јули 2025, како и јануари 2026 година.
Шкупи неодамна доби нови сопственици кои веќе го презедоа раководењето, но на почетокот од својот престој во Чаир се соочуваат со големи проблеми поврзани со иднината на клубот.