Дончиќ: Посакувам Коби и Џиџи да беа тука да го видат овој момент

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ во неочекуван трејд го напушти Далас маверикс и се пресели во Лос Анџелес лејкерс, по што ја даде првата изјава на прес-конференција во новиот тим.

Дончиќ кажа дека бил шокиран со заминувањето од Далас, но смета дека го очекуваат подобри времиња со Лејкерс.

„Посакувам Коби и Џиџи да беа тука да го видат овој момент“, кажа Дончиќ на прес-конференцијата.