Репрезентативниот стопер Муслиу потпиша за Сент Труден!

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу ја продолжува кариерата во Белгија, каде што потпиша договор со Сент Труден.

Муслиу беше слободен агент откако му заврши договорот со Падерборн, но не чекаше долго пред да си најде нов ангажман.

Репрезентативниот стопер претходно играше за Инголштат, Вардар, Ренова, Шкендија и други екипи.