
Македонските пливачи донекаде ни го обелија образот, откако сите други разочараа!
Образот го обелија пливачите кои имаат забележителни настапи и голем дел од нив остварија лични или државни рекорди во повеќе дисциплини.
Државен рекорд до 14 години на 200 м градно постави Дамјан Станковски со време 2.35:41 мин, соборувајќи го досегашниот најдобар резултат кој изнесуваше 2.37.90.
Лични рекорди на возраст до 15 години поставија Даниел Милошевски на 400 метри слободно (4:25:11 мин), Никола Велковски на 400 м градно (4:21:50 мин) и Михаил Алексовски на 200 м градно (2:38,01 мин), како и Милан Јанковски на 100 м грбно на возраст до 14 години. Единствена нашата натпреварувачка која избори пласман во полуфиналето е Неда Миленковска на 200 метри пеперутка.