„Укинете ги Олимписките игри“

Јулија Ајофи е американска новинарска со руско потекло која спезијализирала за прашања за националната безбедност и надворешна политика, а со една колумна со наслов „Укинете ги Олимписките игри“, објавена во американскиот културно-политички магазин „Атлантик“ предизвика бура со истиот објаснувајќи дека вакви Олимписки игри во овој модерен формат – не се потребни.

Колумната за која се води дебата ви ја пренесуваме во целост.

Дали Олимписките игри се воопшто корисни?

Секои две години се прашувам која е целта на ОИ и зошто и понатаму ја гаиме таа традиција. За спортистите претставува врв на кариерата, можеби и исполнување на животните амбиции, но што е со сите нас другите? Која е поентата? Освен повремениот блесок на раскошен спектакл, малку има добри работи кои може да се споменат во позитивен контекст со Олимписките игри, кои реално ја загрозуваат човечката природа.

Секој пат коха ќе дојде во град, Олимпијадата не потсеќа колку е човечкиот живот и дигнитет всушност минорен. Во подготовката за ЛОИ во Пекинг околу еден ипол милион жители присилно ги загубиле своите домови поради изградба на потребната инфраструктура. Една студија дури и потврди како во дел од светот во последните 20 години, два милиони луѓе биле присилени да се селат за да го олеснат градењето на олимписката структура. Во Ванкувер изградбата на разни комплекси предизвика бездомништво. Освен смрт, во Сочи илјадници луѓе се раселени низ државата. Зошто? Поради неколку стадиони и стади кои еднократно ќе се користат.

Ретко Олимписките игри се профитабилни за домаќинот. Пресметките најчесто излегуваат од финансиските рамки и уште почесто се причина за долгорочни долгови. Сочи е очигледен пример. Наместо домаќинството да го преземе град со поладна клима и поповолни зимски услови, само за вештачки снег во градот кој има суптропски температури и е спротивност на остатокот од ладната Русија се потрошени неколку милиони евра. Парите се трошат така лесно на нешто што е бескорисно и таквите објекти поради високите трошоци за одржување носат академски наслов „бели слонови“.

Огромни суми на пари за плаќањето на Олимпијадите доаѓаат од џебот на даночните обврзници, кои повеќе би финансирале сегменти кои се неопходни за квалитетен живот. На пример, за време на Игрите во Сиднеј локалната Влада забележала пад во здравствените и образовните сметки. Во Русија, пак, трошокот беше на грбот на банките додека економијата се бореше со рецесија.

Толку фалениот олимписки дугх е затруен со политички примеси. Повикувајќи се на цитат на прославениот спортски новинар и фотограф Давид Голдблат, ќе порачам дека Олимпијадата отсекогаш била место на кое може да се тргува со политички капитал.

Ерин Елизабет Редихан во својата книга „Олимписки игри и Студена војна“ напиша како Јозеф Сталин на почетокот на Студената војна на Олимпијадата гледал како на начин за меѓународно признавање и легитимитет. Олимписките игри во Пекинг во 2008 и во Сочи 2014 послужија за идентична цел – Кина и Русија сакаа да му покажат на светот дека се нови геополитички и економски сили. Олимписките игри се лицемерна сцена за земји кои се желни да ја покажат супериорноста. Потикнуваат неверојатна потрошувачка и на светските лидери им овозможуваат шанса да се истакнат со својот углед.

Значи, зошто Олимписките игри заслужуваат толкаво глорифицирање? На кого му требаат? Дали и понатаму ќе се правиме дека ни е драго што гледаме карлинг или дигање товар додека во сенка цветаат митото и корупцијата? Ни требаат ли хокеарски мечеви за да ги засенат сите војни?

Нормално дека не ни требаат!