Тајгер Вудс има само една желба по страшната несреќа во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Легендарниот голфер Тајгер Вудс пред неколку дена доживеа тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес откако неговиот автомобил излета од патот и беше целосно уништен.

За голема среќа на Вудс, пожарникарите и Брзата помош пристигна за кратко време и го пренесе во болница, каде што имаше успешна операција на десната нога.

Голферот во моментов е на рехабилитација од несреќата и тој на неговото семејство наводно му соопштил дека не сака вака д аја заврши кариерата и ќе се обиде да се врати на голф-терените.

„Не сака да му се заврши кариерата на ваков начин. Доколку постои начин да продолжи да игра голф, тој ќе даде сѐ од себе, иако повредите се тешки“, соопштија од неговото семејство.