Поп Ацев и Заборска со наградата „13 Ноември“ за најдобри спортисти на Скопје

Сојузот на спортови на Град Скопје по повод денот на ослободувањето на главниот град денеска традиционално ги додели наградите „13 Ноември“ за најдобри спортисти за 2019 година. 

Пливачот Евгениј Поп Ацев и каратистката Симона Заборска се овогодишни лауреати и се прогласени за најдобри спортисти на Град Скопје во машка и женска конкуренција. Поп Ацев сезонава заврши прв на светската листа на маратони, а шести на светслата листа на 10 километри. Заборска пак  го освои  второто место на Универзијада во Португалија, З.место на Младински олимписки игри во Азербејџан, има Светска категорија во Агенцијата за млади и спорт, 3.место на Универзијада на боречки Спортови во Загреб со учество на 35 држави. 

Нормално, најдобар клуб е ракометниот колектив Вардар, а за најдобар тренер е прогласена Билјана Црвенковска, која изминатата сеозна 2018/2019 година беше помошник на Роберто Гарсија Пародно во тимот, кој ја освои Лигата на шампиони, СЕХА-лигата и секако домашното првенство.

Иван Михајловски (триатлон) и Живко Тасевски (карате) добија награди за спортски работници на годината. Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу доби награда за општественик на годината.

Награди за животно дело добија, Александар Домлевски (кошарка), Андреа Јовановски (стрелаштво), Ѓорѓи Ајановски - Џоџо (бокс), Димче Јосифовски (коњички спорт), Иван Лесевски (скијање).