
Полска најави кандидарура за ЛОИ 2036
Полска која никогаш не била домаќин на најголемиот спортски настан најави силна кандидарура за да ја добие организација на Игрите во 2036 година, за кои заинтересирани се и Мексико и Индонезија.
„Сакам ова да го објавам, после консултација со полскиот Олимписки комитет и со министерот за спорт и Владата, наша амбиција и цел е да влеземе во битка за организација на ЛОИ 2036 година“, рече Дуда на прес-конференција во Закопане.
ЛОИ во 2024 година ќе се одржат во Париз, Лос Анџелес ќе биде домаќин на Игрите во 2028, а Бризбејн на тие во 2032 година.