Огромен скандал: Пронајден кокаин во стан на олимписки шампион!

Во станот на поранешниот олимписки победник во скијачко трчање, Питер Нортуг од Норвешка, полицијата пронашла големо количество кокаин.

Медиумите пишуваат дека полицијата го запрела Нортуг поради брзо возење, а по крвниот тест решила да го претресе неговиот стан каде што открила кокаин.

Поранешниот шампион на својот профил на Инстаграм испрати порака до навивачите.

„Направив голема грешка. Минатата ноќ ме запре полиција. Возев многу брзо и ми земаа крв. Исто така, полицијата пронајде мала количина дрога во мојот стан. Тоа беше кокаин“, призна Нортуг.