„Ние успеавме да ги обединиме двете Кореи, сега на ред се политичарите“

Зимските Олимписки игри (ЗОИ) во јужнокорејски Пјонгчанг ги обедини двете Кореи, Северна и Јужна, кои одамна имаат затегнати односи, но на најголемиот зимски спортски настан, Корејците настапуваат обединето под едно знаме.

За големиот успех да се обединат двете земји со ист народ, проговори за успехот и првиот човек на олимпизмот, Томас Бах, претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), посочувајќи дека нивната работа е завршена, а останатото за помирувањето сега е на – политичарите.

„Ние пративме јасна порака дека може да има позитивен резултат, но сега е на политичарите да го преземат останатиот дел. Спортот не може да ги предводи преговорите. На политичарите е сега да го искористат моментот“, рече Бах.

Според првиот човек на ИОК, моментот кога ќе згасне олимпискиот оган во Пјонгчанг е шанса за продолжување на преговорите на двете земји. Инаку и тој самиот најави посета на Северна Кореја по завршувањето на ЗОИ на 25 јануари.