На првиот ден на ЕМОФ соборени светски и европски рекорди! (ВИДЕО)

Малку време требаше за да дојде до првиот историски резултат на Европскиот младински олимписки фестивал што се одржува во Скопје.

Естонската натпреварувачка Алика Инкери Мозер постави нов светски рекорд во скок со стап за девојки до 17 години откако прескокна 4,52 метра. Со тоа, за еден сантиметар го подобри досегашниот најдобар резултат на планетата во оваа конкуренција.

 

 

Сребрениот медал ѝ припадна на Моана Пејрард од Франција, која скокна 4,05 метри, а бронзата ја освои Анастасија Бумпулиди од Грција со скок од 3,95 метри.

Покрај Мозер, се истакна и турската стрелачка Елиф Берфин која со 421,2 круга постави европски рекорд во гаѓање со воздушен пиштол од 10 метри.