Мила Рељиќ освои злато на ЕП и избори настап на Олимписките игри

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ освои златен медал во конкуренција на сениорки до 62 килограми на Европското клупско првенство, а поради одличните резултати доби повик за настап на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Рељиќ го освои златото со четири победи на првенството, а во финалето беше подобра од Јулија Шпак од Полска, по што доби одлични вести. Златниот медал на првенстовот, како и одличниот рејтинг ѝ помогнаа на Рељиќ да добие покана од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за настап во Франција на ОИ.

„Златниот медал на Мила од Европското клубско првенство поткрепено со одличниот рејтинг и резултати од последните натпреварувања, резултираа со покана од ИОК за настап на Мила на Олимписките игри во Париз оваа година. Голема заслуга за ова има секако нејзиниот тренер Александар како и континуираната успешна работа на нашата Таеквондо федерација и пред се на нашиот сребрен Дејан Георгиевски и неговиот тренер Борче Костовски кои го трасираа патот на таеквондо спортот во Македонија“, соопштија од Македонскиот олимписки комитет (МОК).