Канада ја здроби Кина и ги комплетира четвртфиналните двојки во хокеј на ЗОИ

Канада лесно и убедливо ја здроби Кина со 7-2 (2-1, 3-1, 2-0) во последниот денешен меч на машкиот хокеарски турнир на овие Зимски Олимписки Игри во Пекинг, за да се комплетираат четвртфиналните двојки во битката за медалите.

Џордан Вил со два гола во првата половина од првата третина ја најави победата на Канаѓаните, па Адам Тамбелини додаде два и Ерик О'Дел еден за убедливо водство по втората третина, па рутински во последната со нови два гола, Канада дојде до убедливата победа, Ерик Стал и Џек Мекбејн погодија за конечните 7-2.

Канада со победата закажа пресметка со Шведска во четвртфиналето, а победникот од овој дуел ќе го чека подобриот од пресметката САД – Словачка за полуфиналниот меч. Во другите две четвртфиналиња, чии победници ќе вкрстат во второто полуфинале играат Финска – Швајцарија и Русија – Данска.