Борбен дух, но сè уште без триумф: Македонците се натпреваруваа во осум дисциплини!
Македонските селекции имаа борбени настапи и во вториот ден на ЕМОФ, меѓутоа немаа среќа да запишат триумф.
Женската ракометна селекција беше поразена од Швајцарија со 20-33, додека машкиот тим загуби од Шпанија со 26-31.
Порази имаше и за кошаркарките од Финска (35-76), но и за машката и женската репрезентација во одбојка против Словенија.
Во останатите дисциплини, Србија освои злато во стрелаштво - 10 метри со воздушен пиштол по победата против Словенија од 12-10.
Трката на 110 метри со пречки заврши среќно за Рафаел Францини од Белгија со време од 13,24. Додека во финалето на 400 метри кај девојките најбрза беше Живка Ремиќ од Словенија со време од 52,21 секунди, а кај мажите најбрз беше Томас Хорак со време од 46,60 секунди.
Друмските велосипедски трки, исто така, почнаа на ЕМОФ и со златни медали се закитија Каролина Хајдакова од Словачка кај дамите, како и Јанис Бертуд од Швајцарија кај мажите.