
Атлетичарката Ева Митевска е прва Македонка која ќе излезе на мегдан на ЕМОФ
Прва на терените од македонските учесници излегува 16-годишната Ева Митевска која се натпреварува на 100 метри. Таа ќе биде дел од првата квалификациска трка која според распоредот почнува во 9:30 часот и ќе биде трета дисциплина од атлетичарскиот дел кој ќе се одржува на Градскиот стадион во Скопје.
Митевска ќе трча на осмата патека, заедно со Јамилија Бернхардсон од Шведска, Алма Равн од Данска, Иева Малнака од Летонија, Кели Ен Едимо од Италија, Никола Јеремиќ од Србија и Камил Гаенг од Луксембург.