Алкалоид со максимален триумф во петтото коло на Европскиот Клупски Куп
Мамедјаров повторно ја покажа својата висока класа и ја искористи пасивната игра на својот противник за да освои цел поен. Андреикин успеа да ја прекине серијата од реми, па овој пат не ја испушти остварената предност, а со тоа освои и цел поен.
Шанкланд и Криворучко ги запишаа најбрзите победи во дуелот, додека Ковалев ја оствари четвртата победа на турнирот, и на крајот Инаркиев го постави конечниот резултат во мечот 6:0.
По пет одиграни кола на прво место е екипата Обиетиво Рисарцименто Падова од Италија со десет бодови, а веднаш по неа се Медни Всадник Санкт Петербург од Русија и Ск Јоли Лиса над Лабем со еден бод помалку, додека Алкалоид е на делба од четврто до десетто место со осум бодови.
Во следното коло, Алкалоид ќе игра против шампионот на Чешка.