Струмица прави тим-репрезентација, потпиша и Ангеловски!

Одбојкарскиот тим на Струмица сериозно се засилува за новата сезона, денеска како нова принова го претстави либерото на македонската репрезентација, Дарко Ангеловски - Шаби.

Струмица деновиве претставува нови засилувања, клубот веќе донесе репрезентативни играчи, а еден од нив е и Дарко Ангеловски - Шаби.

Покрај тоа што го претстави Шаби, Струмица најави дека утре ќе објави име на нов репрезентативец.

Македонскиот првак го очекуваат квалификации за пласман во Лигата на шампионите, а за противник го има грчкиот тим Олимпијакос. Натпреварите се играат на 17 и 24 септември со тоа што Струмица е домаќин на првиот меч.