
Пауновиќ: Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата - постои ред, работа и дисциплина!
Пауновиќ вели дека одбојкарките работат со висок интензитет и без проблеми, а наскоро треба да го скрати списокот на 14 репрезентативки кои ќе настапат на дуелите против Швајцарија и Луксембург.
„Имаме одлична работна атмосфера – постои ред, работа и дисциплина! Функционираме како семејство, сите девојки се мотивирани, напорно тренираат, можам слободно да кажам ‘гризаат’. Позитивно сум изненаден и имам впечаток дека се пораснати, созреани, свесни за шансата која ја имаат пред себе и дека работиме за повисоки цели. Конкуренцијата си го прави своето и сите максимално се вложуваат за да се најдат во составот од 14. Навистина сум во дилема“, вели Пауновиќ.
Македонија ќе го отвори турнирот во Струмица во салата „Парк“ со меч против Луксембург на 30 мај во 20 часот, а потоа на 1 јуни ќе се соочи против Швајцарија во истиот термин.
Фото: Одбојкарска федерација на Македонија