Ѓоковиќ искрено за разделбата со Мареј - Британецот не го поминал тест периодот!

Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот во Женева каде што ќе се обиде да дојде до својот јубилеен 100-ти трофеј во кариерата, а денеска зборуваше пред медиујмите.

Една темите беше и разделбата со Енди Мареј кој повеќе не е тренер на српскиот тенисер. Како што истакна Ѓоковиќ, соработката со Мареј е прекината тест периодот во кој не оствариле резултати какви што посакувале.

„Нема да се каже нешто повеќе од тоа што го прочитавте во соопштението. Најавивме дека нема да биде долгорочно, туку да видиме како ќе оди. Австралија беше тест, потоа и Индијан Велс и Мајами, одевме турнир по турнир на земја. На крај двајцата чувствувавме дека не можеме да извлечеме нешто повеќе од оваа соработка“, изјави Ѓоковиќ.

Потенцираше Ѓоковиќ и дека сега уште повеќе го цени Мареј кога успеал да го запознае подобро.

„Сега го почитувам уште повеќе како човек. Има навистина брилијантен тениски ум и редок поглед на тенисот, но не го достигнавме она што двајцата го посакувавме од аспект на резултатите“, изјави Ѓоковиќ.

Фото: Novak Djokovic/FB