Одбојкарките ги добија противничките за вториот настап во Сребрената лига!
Натпреварите ќе се одржуваат по „швајцарски систем“, при што секој тим ќе биде домаќин на еден од трите турнири што ќе се одвиваат во три викенди. Македонија ќе биде организатор на првиот турнир (30 мај-1 јуни) кога ќе ги одмери силите со Луксембург односно со Швајцарија. Репрезентацијата во вториот викенд ќе се натпреварува на Фарски Острови (6-8 јуни), каде што на 6 јуни ќе игра против домаќинот и со Австрија. Во третиот викенд (13-15 јуни), Македонија ќе се соочи со Израел и Грузија на турнир што треба да го организира Израел. Поради актуелните безбедносни услови, се планира израелската репрезентација да биде домаќин на неутрален терен, за кој ќе биде одлучено најдоцна до март 2025 година.
По одигрувањето на сите натпревари, ќе биде формирана заедничка табела, од која четирите најдобри екипи ќе се квалификуваат за финалниот турнир, што ќе се одржи од 27 до 29 јуни. Доколку организаторот на завршниот турнир не се пласира меѓу првите четири, тој ќе добие автоматско учество на финалниот викенд, а домаќинот ќе биде одреден дополнително.
Македонската репрезентација дебитираше во Сребрената Европска лига во 2023 година, а сега се надева на прва победа во натпреварувањето, со противници кои им даваат реална шанса за успех.