Франција ја совлада Италија во битката за финале на ЛОИ

Одбојкарите на Франција се пласираа во финалето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, откако вечерва беа подобри од Италија со 3-0 во сетови.

Франција го доби првиот сет со 25-20, а во следните славеше со 25-21 и 25-21 со што избори финале против Полска.

Домаќинот ќе се бори против Полска, која по 48 години повторно се избори за меч за злато, додека Италија ќе се пресмета против САД за бронзениот медал.