Топурија остана перфектен: Со брутален нокаут стана шампион во уште eдна категорија (ВИДЕО)

Шпанскиот борец со грузиско потекло, Илија Топрија е нов шампион во УФЦ во лесна категорија откако со феномален нокаут во првата рунда го нокаутираше Чарлс Оливеира.

Поранешниот шамион од оваа категорија немаше шанси против популарниот „Ел Матадор“ за кого ова беше 17. победа во исто толку професионални борби.

Топурија така го искористи излегувањето на Ислам Макачев од лесна категорија и стана шампон во уште една категорија, претходно го имаше појасот во перолесна категорија.

Клучна беше одличната комбинаиција на два директи, а потоа и лево кроше со кое го сруши Оливиеира. Пред реакцијата на судијата, Топурија стигна да му зададе и уште два удари на ривалот со што борбата веќе беше решена.