Хабиб и Мекгрегор биле пријатели, а статусите на Твитер им се бизарни (ФОТО)

Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор се пресметаа на УФЦ 229 во Лас Вегас, а на крајот Ирецот загуби со давење во четвртата рунда, но вистински хаос се случуваше по борбата.

Дагестанецот веднаш по завршувањето на борбата го скокна кафезот и тргна да се тепа со членовите на тимот на Мекгрегор, а мета му беше еден од тренерите кој жестоко го навредуваше.

Меѓутоа, во текот на целиот хаос на социјалните мрежи се појавија статуси на двајцата борци од 2014. година. Мекгрегор и Нурмагомедов тогаш биле во добри односи, а дури неколку пати тренирале заедно.