Македонските каратисти во нов поход кон освојување на Европа

Македонската карате репрезентација од 28 до 31 март ќе учествува на Европското првенство, кое ќе се одржи во Гвадалахара, Шпанија, каде што ќе настапат 508 натпреварувачи од 50 европски земји.

Пуликсенија Јовановска и Фери Исиќ ќе настапат во кати, додека пак во борби списокот на натпреварувачи е пообемен, со оглед на тоа што освен во поединечна конкуренција, македонските репрезентативци ќе настапат и екипно.

Сара Радичевска, Симона Заборска, Наташа и Моника Стефановски, ќе ги придружуваат каратистите од машкиот тим.

На листата репрезентативци се и нашите најтрофејни натпреварувачи, предводени од актуелниот европски шампион Емил Павлов, медитеранскиот шампион Берат Јакупи и освојувачот на бронзен медал од Медитеранските игри, Жарко Арсовски. Покрај нив, се и Азис Исмаил, Петар Спасеновски и Доан Османи, како и најмладиот Фахик Весели, освојувачот на бронзениот медал на Младинските олимписки игри минатата година.

На пресот пред заминувањето селекторите во борби Сашко Арсовски и Бошко Заборски, и селекторот во кати Стојан Андриевски, изјавија дека веруваат во квалитетите на нивните избраници и очекуваат дека и овој пат поголемиот дел од нив ќе се најдат на победничкиот подиум.

КОМПЛЕТНА ЛИСТА НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Кумите машки:

Емил Павлов - 60 килограми

Берат Јакупи - 84 кг.

Фахик Весели - 68 кг.

Жарко Арсовски - 84+ кг.

Азис Исмаил - 75 кг.

Кумите женски:

Наташа Стефановска - 61 кг.

Сара Радичевска - 50 кг.

Симона Заборска - 55 кг.

Моника Стефановска - 68 кг.

Екипно:

Доан Османи - 75 кг.

Петар Спасеновски - 84 кг.

Кати:

Фери Исиќ

Пулeксенија Јовановска