Ужас во Јапонија: Сумо-борач почина откако ривалот му го скрши вратот (ВИДЕО)

Сумо-борачот Хибикуру почина денеска во болница откако пред еден месец го скрши неговиот врат во борба.

Борачот се повреди на 26 март, кога противникот го фрли во рингот, а тој падна на глава и неколку минути остана да лежи.

Јапонските медиуми објавија дека за време на борбата немало медицински лица кои можеле да му помогнат на сумо-борачот.

Хибикуру дебитираше во 2011 година и стигна до 24. позиција во конкуренција на 200 сумо-борачи, во четвртиот ранг од шест во сумо борење.