Почина јапонски сумо-борач - му откажаа органите!

Еден од најпознатите сумо-борачи, Јапонецот Кијотака Суетаке, почина по боледувањето од коронавирус, откако му откажаа речиси сите органи. Тој минатиот месец се заразил со Ковид-19 и не успеа да се избори со тешката болест која направи „пекол“ во светот, згаснувајќи многу човечки животи.

Дваесет и и осумгодишниот борач, кој се бореше под името Шобуши, бил хоспитализиран во Токио на 8 април, откако покажал симптоми и неколку дена бил тестиран на Ковид-19.

На интензивна нега бил од 19 април, откако неговата состојба продолжила да се влошува.

Тој се бореше со болеста до крај, соочувајќи се со ова тешко искушение, како вистински борец, истакна претседателот на ЈСА, Хакаку, изразувајќи сочувство до семејството на борачот.

Шобуши своето деби го направи како сумо-борач во 2007 година, а настапи на 79 турнири.

Досега, 16.759 лица беа заразени со коровивирус во Јапонија, а 690 починаа.