Нуров е во финале на Медитеранските игри: Утре ќе се бори за злато

Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров се пласираше во големото финале во борење во слободен стил на Медитеранските игри откако со 6-1 во полуфиналето беше подобар Елдерс Мустафа од Египет. 

Нашиот борач претходно оствари три победи против своите противници од Тунис, Алжир и Шпанија. Финалето е утре, а противник на Нуров ќе биде Фејзула Актурк од Турција. 

Со овој пласман во финалето Македонија осигура медал на Игрите во Оран, Алжир.