Егоров преку репасажот има шанса да стигне до бронзен медал

Македонскиот борач Владимир Егоров утре ќе се бори за бронзен медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир во категоријата до 65 килограми слободен стил. 

Нашиот репрезентативец денеска загуби во првото коло од Јехиа Хафез, но бидејќи Еѓипќанецот се пласираше во големото финале Егоров доби шанса за медал преку репасажот. 

Негов ривал утре ќе биде Абделхак Кербаче од Алжир, кој во полуфиналето загуби од Хафез. 

Утре Могамедгаџи Нуров ќе се бори во финалето во слободен стил во категоријата до 97 килограми.