Тајсон со 58 години изгледа ѕверски – како најопасниот тип на планетата (ФОТО+ВИДЕО)

Американската држава Тексас на 15 ноември ќе биде домаќин на борба помеѓу легендарниот Мајк Тајсон и Јутјуб ѕвездата Џејк Пол.Американската држава Тексас на 15 ноември ќе биде домаќин на борба помеѓу легендарниот Мајк Тајсон и Јутјуб ѕвездата Џејк Пол.

Поранешниот светски боксерски шампион, кој е 30 години постар од Пол, е во неверојатна форма пред борбата – нешто што го признава и самиот Пол. Тајсон неодамна сподели фотографија од своите подготовки на Инстаграм, на која Пол не пропушти да искоментира.

„Честитки, Мајк. Неверојатен си, како Хулк. Но, сепак ќе те уништам.“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mike Tyson (@miketyson)

Иако е 20 години во пензија, Тајсон тврди дека никогаш не бил подготвен како сега. Тој објасни дека за секој што влегува во рингот со него тоа претставува проблем.

„Кој и да е во рингот, има проблем со мене. Ако и мајка ми влезе во ринг, ќе има проблем со мене. Не влегувај во ринг ако не сакаш проблем“, изјави „Челичниот Мајк“.

Борбата ќе се одржи на AT&T стадионот во Арлингтон, пред околу 80.000 гледачи.