Спектакл без победник: Тајсон удираше како во најдобрите времиња, па се - налути (ВИДЕО)

Еден од најлегендарните боксери на сите времиња, Мајк Тасон (54 години) ноќеска се врати во рингот и покажа дека со право сѐ уште може да го нарекуваат „Железниот Мајк“, откако покажа дел од своите мајсторски потези во егзибицискиот дуел со уште еден ветеран, Рој Џонс Џуниор.

Без разлика што се очекуваше ова да биде фарса за пари, Тајсон и три години помладиот Џонс имаа импресивни моменти за време на мечот во Лос Анџелес, што судиите го прогласија за нерешен, што го налути Мајк, кој веднаш побара реванш. „Дедовците“ боксуваа осум рунди од по две минути и двајцата го завршија мечот насмеани и без видливи повреди.

Тајсон треба да заработи 10 милиони долари од борбата и претходно најави дека сите пари ќе ги донира.

„Ова е подобро отколку вистински меч за светска титула. Ние сме хуманитарци сега, можеме да направиме нешто добро за светот. Ќе го повториме ова“, изјави Тајсон, најмладиот светски првак во тешка категорија на сите времиња.

Тајсон се повлече од боксот во 2005 година по поразот од Кевин Мекбрајд, додека Џонс продолжи да боксува и во свои 40-ти години.