Македонија со четворица боксери на турнир во Белград на кој ќе учествуваат 100 земји

Македонската боксерска репрезентација ќе ја претставуваат четворица боксери на силниот меѓународен турнир „Белградски победник 2019“, меморијал Бранко Пешиќ, на кој ќе учествуваат боксери од дури 100 земји.

На турнирот со долга традиција, инаку 57 издание на овој престижен турнир, ќе учествуваат боксери од 100 земји од светот, меѓу кои и селекции на Русија, Шкотска, Канада, Полска, Германија, Франција... Македонија ќе ја претставуваат Џан Демиров во категоријата до 52 килограми, Јасим Љама во категоријата до 60 килограми, Гоце Јанески кој ќе се натпреварува во категоријата до 69 килограми и Арсим Етеми во категоријата до 75 килограми.

Репрезентацијата ја предводат селекторот Петре Чурлинов и тренерот Ристе Мицевски, а квалификациите почнуваат денеска и турнирот ќе ттрае до недела. Финалните борби се предвидени за в сабота