Сите го чекаа Џошуа, па се појави Хабиб Нурмагомедов и – му го украде шоуто (ВИДЕО)

Фантастична боксерска ноќ во Саудиска Арабија понуди неколку фантастични борби.

Во главната приказна на вечерта, Ентони Џошуа го совлада Енди Руиз со едногласна судиска одлука и по втор пат освои четири титули во тешка категорија.

Џошуа требаше да биде најголемата ѕвезда на вечерта, но се до моментот кога во арената се појави шампионот во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов. Дагестанецот влезе во салата и беше громогласно поздравен од публиката.

Нурмагомедов несомнено е голема ѕвезда каде и да се појави, и не е ни чудо што тој беше добредојден на овој голем боксерски настан во Арабија.