Ваков лоб во ракомет досега не е виден (ВИДЕО)

Ваков гол со лоб во ракомет ретко се гледа, посебно кога е преку директни чувари во блок, но хрватската ракометарка Мирна Гашпаровиќ успеа да погоди на најлуд можен начин и да ја измами противничката голманка.

Мечот е од хрватската лига меѓу ЖРК Кока Вараждин и ЖРК Бјеловар, кој го добија домаќините со 34-31.