Светот му се смее – најглупав обид: Косовец ја изведе најлошата паненка во историјата! (ВИДЕО)

Косовецот Бесарт Бериша е топ-тема за потсмев во светската фудбалска јавност откако промаши пенал во рускиот куп помеѓу Ахмат Грозни и Самара, кога се реши да изведе паненка, ама само му додаде на противничкиот голман.

Косовецот со своето промашување само го реши мечот, зашто неговите соиграчи веќе еден промашија, па се намести, се залета и кога сите чекаа погодок, овој му додаде на голманот. Ваква мизерија од паненка досега не е видена, а фудбалските навивачи го прогласија обидот за најглупав во историјата.