Интер го одбрани пехарот во Копа Италија совладувајќи ја Фиорентина во финалето со 2-1 и тоа, секако, беше повод за одлично расположение во соблекувалната. Фудбалерите слава и надвор со пехарот, но и внатре со музика и уште некои реквизити. Лукаку, на пример, запали пура. Думфрис го предводеше танцувачкиот воз, а Чалханоглу покажа потези како цел живот да играл салса.