
Германија покажа моќ, Шродер ги разбуди Финците од најубавиот сон!
Првата четвртина донесе изедначена битка во која во првата половина Финска имаше предност, но потоа Германија го презема водството и го доби тој период со 30-26.
Втората четвртина се покажа и како одлучувачка, Германците тука беа подобар противник и ја добија со 31-21, а таа разлика (61-47) се покажа како недостижна за репрезентацијата која беше најголемо изненадување на Евробаскетот.
Не се откажаа Марканен и друштвото, третиот период го добија со 20-26, па во последната четвртина влегоа со негатива од „минус осум“ која им даваше надеж дека можат да направат пресврт (81-73)
Сепак, Германија тука одново „додаде гас“ и не дозволи да ја испушти предноста. Најдобар на теренот во редовите на Германија со дабл-дабл беше Денис Шродер кој средбата ја заврши со 26 поени, 12 асистенции и четири скока.
Зад него следеше Вагнер со 22 поени, пет скока и една асистенција. Оливер Нкамоуа уфрли 21 со седум скока и две асистенции, додека Марканен средбата ја заврши со осум скока и една асисенција.
Вечерва со почеток од 20:00 часот во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Грција и Турција.