
Шкендија не дозволи изненадување, Башкими падна во Тетово (ВИДЕО)
Тетовци од првата минута беа подобар противник на теренот, меѓутоа не создаваа премногу прилики за гол. Но, една успеа да искористат и тоа преку Решат Рамадани кој погоди со глава по еден корнер во 25. минута. Тоа беше и единствениот гол во првите 45 минути.
По осум минути игра во вториот дел Шкендија постигна и втор гол. Фабрис Тамба доби топка пред петерецот и не пропушти да ја затресе мрежата за 2-0.
Мрежата на Шкендија се тресеше по еден час игра, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција. Кумановскиот состав сепак дојде до гол и тоа во 76. минута кога Хаџиќ реализираше најстрога казна.
За Шкендија ова беше трета победа од стартот на првенството со што бранителот на титулата дојде до 10 бода, два помалку од Силекс и Струга кои допрва треба да ги одиграат своите напревари од ова коло. Башкими од друга страна остана седум.
Вечерва од 19:00 часот се игра уште еден натпревар и тоа на Арената „Тодор Проески“ во кој се среќават Вардар и Македонија Ѓорче Петров.