
Ѓорческа ја очекува нов голем скок, ако ја освои титулата се враќа во топ-200
На претходните два турнира стигна до финалето, еден од нив освои, а во моментов е во полуфиналето на турнирот во Букурешт каде утре ќе се сретне со првата носителка Папамихаил од Грција. Со досегашните резултати на овој турнир, Ѓорческа веќе си обезбеди скок од 24 места и во моментов е на 215. место на провизотната ВТА листа, но евентуален успех до крајот, ќе ѝ донесе уште поголем напредок.
Ако утре ја победи Папамихаил, Ѓорческа ќе биде околу 205. место, а евентуална титула ќе ја однесе во топ-200, околу 195. позиција. Тоа би бил одличен напредок ако се знае дека пред точно еден месец, таа се наоѓаше на 355. место на ВТА листата.