
Бројките се доказ: Грилиш игра како во најдобрите денови!
Грилиш од почетокот на сезоната настапува како позајмен во дресот на „карамелите“, а очигледно пристигнувањето во овој клуб и тоа како му годеше.
Во три одиграни натпревари креираше пет голами шанси за своите соиграчи од кои четири беа искористени во победите над Брајтон (2-0) и Вулверхемптон (3-2). Интересно, единствениот натпреварр во кој Грилиш не беше стартер, Евертгон го загуби од Лидс со 1-0.
Со четири асистенции тој е и најдобар асистент во најсилните пет првенства во Европа. Својата одлична форма ќе има прилика да ја продолжи против неговиот поранешен клуб, Астон вила в сабота од 16:00 часот.
За тренер на мeсецот беше избран стратегот на Ливерпул, Арне Слот.
Фото: Everton FC/X