Навивачите на Јунајтед изненадени - Аморим врати еден од „отпишаните“

Манчестер Јунајтед го потврди списокот на фудбалери за оваа сезона, а едно име на него ги изненади навивачите на клубот од Олд Трафорд.

Станува збор за холандскиот интернационалец Тајрел Маласија кој во текот на летото беше отпишан од Рубен Аморим и му беше соопштено дека може да си бара нов клуб. Не само што Маласија беше отпишан, туку и му беше забрането да влегува во тренинг центарот на Јунајтед пред 18 часот, односно пред и последниот фудбалер да си замине оттаму. Во текот на летото Холанѓанецот се поврзуваше со Елче како позајмен играч, но до договор не дојде.

На тој список беа уште Џејдон Санчо, Антони, Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо кои  кои во меѓувреме си најдоа нови екипи и ги продолжија кариерата далеку од Манчестер. Последните три месеци од минатата сезона Маласија ги помина на позајмица во ПСВ, но не дојде до продолжување на соработката.