
Ултиматум до турскиот газда на Тиквеш: Или пари до среда или останува без клуб!
Неодамна излегоа информации дека сопствениците се наоѓаат во финансиски проблеми, дека фудбалерите не се исплатени и дека е можен колапс, но клубот сето тоа категорично го демантира.
„Во врска со денешните информации на спортските портали за кризата во Градскиот фудбалски клуб Тиквеш, ја известуваме фудбалската јавност дека фудбалерите и стручниот штав активно и посветено се подготвуваат за натпреварот од петтото коло во Првата лига и по денешниот ден пауза, утре ќе го одработат последниот тренинг пред неделниот натпревар. Во однос на новиот инвеститор во клубот и неговите вложувања, истиот е обврзан до среда (17.09.2025) да ги исполни ветувањата со обезбедување средва. Во спротивно, градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општината и бизнис секторот во Кавадарци повторно ќе го преземат целосното владение на клубот и ќе продолжат да го водат во иднина“, стои во соопштението од Тиквеш.
Кавадарчани в недела гостуваат во Струга кај поранешниот шампион, а натпреварот го дочекуваат како деветтопласирани со два освоени бода и без победа во досегашнните четири кола.