Поубав и од славниот волеј на Ван Бастен: Голот на годината падна во Серија Б! (ВИДЕО)

Рикардо Меџорини, напаѓачот на Виченца го постигна голот на годината во Серија Б, а слободно може да конкурира за наградата „Пушкаш“ за најубав гол. Ваква атракција не се гледа често, а со ножички од пртов агол погоди, многу слично како волејот на легендарниот Марко Ван Бастен од Евро 1988. Голчиштето мора да се погледне неколкупати.