Во Синсинати се испишува историја – вакво финале немало во последните 56 години!

Турнирот во Синсинати ќе има историско американско финале кај жените, прво по пауза од дури 56 години, откако за титулата ќе се борат Коко Гоф и Џесика Пегула, додека кај мажите за трофејот ќе играат Американецот Френсис Тиафо и Французинот Артур Фис.

Гоф, шампионката од Синсинати во 2023 година, своето место во финалето го обезбеди со триумф над Сара Бејлек (6-4, 6-1), додека Пегула приреди голема сензација со елиминацијата на актуелната шампионка Ига Швјонтек. Американката во драматичен полуфинален дуел ја совлада Полјачката со 7-5, 4-6, 6-4 и си обезбеди место во историското финале. Последен пат Синсинати имаше целосно американско финале во 1970 година, кога Роузмари Каселс ја совлада Ненси Гантер.

Кај мажите, Френсис Тиафо обезбеди место во финалето со победа над сонародникот Брендон Накашима со 7-5, 6-3 и тоа по одличен меч во кој за заврши работата за еден час и 43 минути. Тој реализираше седум аса, освои 30 од 39 поени на прв сервис и успеа да спаси седум од деветте брејк-топки на противникот. За титулата ќе игра против Фис, кој без поголеми проблеми го совлада Италијанецот Флавио Коболи со 6-3, 6-4 за само 68 минути.