Магија во Англија: Ова е можеби и голот на годината! (ВИДЕО)

Остануваат уште околу два месеци до церемонијата на доделувањето на „Златната топка“ на која ќе биде избран и најубавиот гол во годината, а сериозна кандидатура пристигна од Англија.

На стадионот „Сент Ендрјус“, Бирмингем го пречека Бристол сити, а натпреварот заврши со реми 2-2. Сепак, по мечот најмногу се зборува за неверојатниот гол на Дом Балард за Бристол во 85. минута.

Во една акција, Рио Кардинес испрати центаршут од левата страна, додека Балард од прва, со пета на маестрален начин испрати удар кој заврши во мрежата на големо воодушевување на сите на стадионот.