Еспањол бесен на судијата: Винисиус симулираше за пенал, но не доби втор жолт? (ВИДЕО)

Реал Мадрид со победа ја отвори новата сезона во Ла Лига, но триумфот на гостувањето кај Еспањол (2-1) не помина без контроверзи, откако домаќинот збесна поради ситуацијата со Винисиус Жуниор, кој според нив заслужил втор жолт картон.

Во моментите кога резултатот беше 1-1, а Реал бараше начин да стигне до победнички гол, Винисиус падна во шеснаесетникот на Еспањол во 62. минута. Бразилецот веќе имаше жолт картон, а од Еспањол сметаат дека очигледно се обидел да изнуди пенал и дека судијата требало да му покаже втор жолт картон за симулирање. Судијата, сепак, иако беше на само неколку метри од ситуацијата, не досуди пенал, но не го казни ниту Винисиус.

Еспањол по натпреварот не го криеше револтот и преку социјалните мрежи испрати иронична порака.

„По колку симулирања добиваш втор жолт картон? Прашувам за пријател“, објави клубот.

Винисиус, кој според противничките навивачи има „нова брада, ама и стари селски навики“, остана на теренот, а Реал продолжи да напаѓа и во самиот финиш стигна до трите бода. Херој на гостите беше младиот Карлос Еспи, кој влезе во игра во 80. минута, а само десет минути подоцна го постигна победничкиот гол.