Трагедија во Полска: Убиен навивач во нова крвава пресметка во Краков (ВИДЕО)
За инцидентот, според првичните информации од Полска, се осомничени навивачи на Висла Краков. Станува збор за навивач од областа Нова Хута, а околностите под кои се случил нападот се предмет на истрага. Според првичните, сѐ уште непотврдени информации, пред нападот што се гледа на снимката, кон младиот човек била истрелана пиротехничка ракета. Тој се обидел да избега, но паднал на земја.
Напомена: Снимката има вознемирувачка содржина.
Потоа, според истите информации, до него пристигнале повеќе напаѓачи кои продолжиле со нападот, по што младиот навивач останал да лежи на улицата. Полицијата по инцидентот уапсила 10 лица, додека истрагата треба да ги утврди сите детали и точната одговорност на инволвираните. Долгогодишното ривалство и навивачкото насилство во Краков повторно резултираа со трагични последици.