Лацио не запира во Серија А: Исаксен и Провстгард го решија Торино!
Фудбалерите на Лацио ја завршија работата во финишот на првото полувреме, кога во период од само две минути постигнаа два гола и направија значајна предност.
Резултатот го отвори Оливер Провстгард во 42. минута, а потоа во 44. минута Густав Исаксен ја затресе мрежата на домаќините за водство од 2-0.
Торино не се предаде и во 62. минута преку Че Адамс успеа да ја намали негативата, но домаќините немаа сила за втор погодок.
Лацио е лидер во Серија А со 35 бодови, односно пет поени повеќе од Рома.
Фото: Facebook/S.S. Lazio