Шпанците ја елиминираа В. Британија и закажаа финале со Италија!

Шпанија е вториот финалист на Дејвис купот, откако денеска убедливо ја совлада Велика Британија со 2-0 и обезбеди борба за трофејот против актуелниот шампион Италија.

Рафаел Ходар го донесе првиот бод за Шпанија, откако го совлада Камерон Нори со убедливи 2-0 во сетови, односно 6-2 и 7-5.

Потоа на теренот излезе Карлос Алкараз, кој не му остави многу простор на Артур Фери. Третиот тенисер на светот одигра доминантен меч и славеше со 6-2 и 6-1.

Финалето меѓу Шпанија и Италија се игра на 29 ноември.

Фото: Facebook/Rolex Paris Masters