Ракометарките ја победија и Италија за втор триумф во Анкара
Избраничките на селекторот Игор Марковиќ имаа негатива на полувремето од 13-11, сепак во вториот дел прикажавме подобра игра и го свртевме резултатот во наша корист.
Јована Кипријановска и Сара Ристовска беа најефикасни во нашите редови со по шест гола, а по четири постигнаа Катерина Дамјановска и Емилијана Ризоска.
Ако Турција слави против Финска, Македонија утре токму против домаќинот во терминот од 16:45 часот ќе игра за првото место.