Охрид е есенски шампион во ВМФЛ, Пелистер победи во Горно Лисиче, реми на Работнички
Охриѓани полусезоната ја завршуваат како лидери со 35 бода, Пелистер остана зад нив со три помалку, Работнички на третата позиција е со 29.
Пелистер овој дел од сезоната го затвори со гостински триумф кај екипата на Горно Лисече, додека Работнички само реми 0-0 со Детонит. Двата гола за битолскиот составв денеска ги постигна Иван Ивановски, по еден во првиот и вториот дел.
На победи денеска се израдуваа уште: Тетекс кој против Брера славеше 4-1, Новаци го доби последнопласираниот Шкупи 2-1, а без голови заврши средбата помеѓу Кожуф и Македонија Ѓорче Петров.